LIFESTYLE

Пред малку се огласи министерот за економија, Бектеши и соопшти многу убави вести – Ова никој не го очекуваше!

Advertisement

Граѓаните ќе купуваат поефтина храна од идната среда, кога педесеттина прехранбени производи ќе поефтинат за најмалку 10 проценти. Ова е договорено на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бетеши и претставници на осум најголеми ланци супермаркети во земјата.

Advertisement

Фото: ФБ

Но, договорот нема да биде на џентлметска основа, оти Државниот пазарен инспекторат од истиот момент ќе почне со засилени контроли и ригорозно ќе ги казнува оние маркети, кои нема да се придржуваат на договореното. Идниот вторник Владата ќе ја утврди листата производи, чии цени ќе се вратат на нивото од пред неколку месеци.

Трговците се согласиле да ги намалат цените, а Бектеши најави ново законско решение за нефер трговски практики, со кое ќе се укинат над 20 % од давачки како што се оние за позиционирање на производите на рафтовите, кои влијаат на крајната цена.

Advertisement

Тој се надева на сличен договор и со дистрибутерите и производителите. Дел од производителите на земјоделски производи пак за поскапувањата прстот го вперија во трговците.

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека најавеното намалувањето на цените на одредени производи нема да биде од септемвриските и августовските цени туку од други месеци кога, како што вели имало пристојни цени. Бектеши најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено ново законско решение за нефер трговски практики.

Фото: ФБ

-Ниеден од трговците не знае кој ќе биде референтен датум, и со кои цени ќе се донесе одлуката во вторник во делот на намалување на цените на основните прехрамбени производи. Екслузивно можам да кажам дека нема да биде датум и цена која била во текот на септември оваа година, но и од месец август, рече Бектеши во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

Министерот вели дека намалувањето на 10 отсто на цените ќе биде од месеци кога имало пристојни цени и оти на тие цени ќе треба да се направи намалување од 10 отсто. Тоа денеска им било објаснето на сите ланци на супермаркети.

Според него, ќе бидат земени предвид цени од месеци од оваа година кога важеле одредени мерки кога Владата се откажала од одредени давачки како царински, од ДДВ и слично.

Фото: ФБ

-Цените од септември нема да бидат реферетни во делот на намалувањето од минимум 10 отсто. Значи ако во март, да го земеме како пример, цената била сто денари и во септември била 150 денари, реферетна цена во намалувањето ќе биде 100 денари, нема да биде 150 денари. И врз тие сто денари треба да има минимум намалување од 10 отсто, појасни Бектеши.

Министерот рече дека со одлуката ќе се овозможи намалување на 50-тина производи но не само од 10 отсто туку доколку се процени дека цените биле енормно зголемени, намалувањето може да биде и 15 отсто. Бектеши најави дека на неделна база ќе се следат сите движења на цените, посебно во прехранбената индустрија.

Ова, како што кажа Бектеши е само прв чекор. Со ова не се предвидени безалкохолните, алкохолните и хигинеските производи и слично. Но потенцира дека ако се забележи дека во други сектори се забележи дека има големо отстапување на цените, втор чекор ќе биде и барање.

Министерот кажа дека денеска е подготвена одлуката и дека во неа нема да бидат подготвени сами цените туку ќе има обврска за сите вклучени во ланецот на трговијата, вклучувајќи ги и производителите за обврска да произведуваат и да снабдуваат минимум 70 отсто од количните кои ги снабдувале или ги произведувале претходниот месец.

-Што значи ова? Дека одредени компании можат да одлучат да го намалт производството или, пак, да не ги снабдуваат согласно барањата и тоа што е потребно за малопродажбата, рече Бектеши.

Министерот најави дека следната недела Владата во Собранието ќе испрати законско решение за нефер трговски практики, што било предлог на премиерот Димитар Ковачевски и на што заедно работеле со Бектеши. Ова ќе биде прво вакво законско решение кај нас и во регионот.

Фото: ФБ

Според Бектеши, со овој закон ќе се укинат многу давачки кои го оптоваруваат ланецот од производство па се до крајниот производ.

Министерот изрази разочарување од работата на Државната комисија за конкуренција за која кажа дека при енормно зголемување на цените не реагирале и не направиле никакво истражување на пазарот или истрага. Најави дека во вторник на Државниот пазарен инспекторат ќе им се прошират ингеренциите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button