CelebrityНовости

ЅВЕЗДАТА НА ГРАНД ПРВ ПАТ ПРОГОВОРИ ЗА НАСИЛСТВОТО ШТО ГО ТРПЕЛА ОД ПАРТНЕРОТ: ТАА собра сили, па призна се!

„Постојано ме малтретираше затоа што си купувам работи, чанти, а тој не може да си го дозволи тоа...“, изјави Александра.

Advertisement

Една од најпопуларните млади пејачки, Александра Младеновиќ, никогаш не кажувала премногу детали за нејзиниот приватен живот, но многу од песните што ги испеа се автобиографски.

Advertisement

Така е и со песната „Доживотно“ која ја објави , а во која се споменува нејзиното поранешно момче, но и неговата сегашна девојка.

„Доживотно, кога ќе падне ноќта, ќе мислиш на нас. Кога ќе легнеш со неа, ќе лежам меѓу вас. Љубовта нема да биде таму, секогаш мене ќе ме сакаш. На секоја твоја нова ќе и кажам, ќе останеш доживотно мој“.

Advertisement

Колку има вистина во нејзината нова песна за која сними и спот, во режија на Дејан Милиќевиќ потврди и самата Александра.

„Сакам да пеам песни чии зборови донекаде го опишуваат мојот живот, како што е тоа со песната „Доживотно“, која се надевам дека многу ќе и се допадне на публиката.

Знам дека мојот бивши се’ уште пати по мене, но тоа не ме возбудува, бидејќи во врската влегов со чисто срце, а излегов со чист образ“ – изјави Младеновиќ, не сакајќи да навлегува во детали за кое момче се работи.

Пејачката Александра Младеновиќ одлучи за прв пат пред камерите да проговори за насилството кое го трпела во врската, за да упати апел и да им пружи поддршка на сите други жени кои се соочуваат со слични проблеми.

– Бев жртва на насилство, и ми требаше долго време да соберам храброст да зборувам за тоа. Добив таков шамар од мојот партнер, сето тоа затоа што не бевме на иста бранова должина.

Поточно, проблемот настана затоа што јас заработував повеќе од него. Сето тоа се случи многу одамна, но после тоа не бев подготвена да бидам во врска долго време.

Со денови трпев понижувања, навреди, тој буквално сакаше да ме спушти на своето ниво. Небитно е колку имал тој, колку имав јас… Битни се неговите ограничувања – рече таа и додаде:

– Секогаш ми зборуваше како пејачка, а не како партнер. Постојано ме малтретираше затоа што си купувам работи, чанти, а тој не може да си дозволи… Па го боли! Го гледав како многу добар човек, емотивен…

– Дури помислив и му се заблагодарив на Бога што ми испрати толку добар и нормален човек, но сето тоа кратко траеше.

Беше таму во секој момент, но наеднаш се промени. Тој стана друг човек. Мислев дека е моја вина, оставив се да помине така…

Најдобрата другарка ми рече дека така ќе се случи – изјави пејачката во емисијата „Магазин ИН“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button