Почина познатата актерка: Храбро се бореше со болеста!

Таа имаше 86 години.
Британската актерка Мег Џонсон, позната по улогата во серијата „Емердејл“, почина во својот дом, потврди нејзиното семејство, а пренесe Дејли Мејл.
Прекрасна и секогаш мила ѕвезда на телевизиските сапуници, таа беше најпозната по улогата на Перл Лендербенкс во познатата серија „Емердејл“, која е во етерот веќе дваесет години, почнувајќи од 2003 година.
Родена на 30 септември во Велика Британија – Манчестер, откако ја започна својата кариера ги освои сите симпатии на телевизиската публика.
Нејзината смрт ја потврди семејството, но и агенцијата „Јорг Бетс Асошиејтс“ која работеше на споменатата серија.
Со голема тага и болка ве известуваме дека актерката Мег Џонсон почина синоќа мирно опкружена со своето семејство и луѓе кои ја сакаат – стои во соопштението.
Таа беше прекрасна и божествена жена, полна со топлина и разбирање со сјај во очите. Имаше неверојатна кариера која заврши токму во серијата, односно улогата по која најмногу беше препознаена.
Таа боледувала од деменција, но и покрај сите тешкотии успеала храбро да се избори и да се погрижи да не настрада ниту нејзиниот приватен живот, ниту кариерата. Таа ќе им недостига на сите.
Мег го загуби својот сопруг пред само четири месеци.
Во соопштението на семејството се вели дека Џонсон се борелa со деменција во последните години.
„Без разлика на дијагнозата, таа храбро се бореше и лично и професионално“, велат нејзините блиски.