Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Заштитничка молитва за семејството

Реклама

Семејството ни е се’. Во него е собрана сета наша надеж. Да се помолиме за здравје и среќа на нашите најмили.

ФОТО: aleteia.org

Господе Исусе, во раните на твоето пресвето срце се ставам себе и сите членови на своето семејство. Понизно де молам, опрости ни ги нашите гревови и направи ги нашите срца благословени и понизни. Те молам да ме заштитиш мене и сите членови на моето семејство. Исусе Христе, ти си наш Господар и ја имаш властта над сите нас. Просветли го моето семејство, местото каде што живееме и работиме, сите луѓе со кои се среќаваме и соработуваме, сите превозни средства со кои се служиме, сите извори на доход и сите материјални средства кои ни се наменети и кои ги поседуваме.

Исусе, вметни ја во нас сета твоја љубов за сите луѓе, особено за оние кои тешко ги прифаќаме и оние кои не не’ сакаат. Нека твојата света крв ја сруши силата на сите лоши навики меѓу нас, на сите негативни зборови, мисли, желби, чувства и постапки. Отстрани ги од нас последиците од негативностите од минатото. Направи не’ отворени за се’ она што сакаш да ни го подариш. Ти благодарам што си секогаш заштитник на мене и моето семејство, за ангелите чувари на секој од нас, за нивната непрекината помош и заштита.

Маркетинг

Слава Тебе, Господи. Амин.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button