Маски нема доволно ниту за нас: Аптеките му пратија отворено писмо на министерот Филипче
Во Кина можеш да купиш пет маски, но ние какви сме ќе одиме од аптека до аптека и ќе купиме триста.
Здружението на приватни аптеки (ЗПАРМ) побара од министерот за здравство, Венко Филипче, насоки за однесување на граѓаните при посета на аптеките и можност за континуирани набавки на заштитни маски, заштитни одела, средства за дезинфекција на раце и работни површини. Тие во отвореното писмо до министерот наведуваат дека треба да се објави соопштение за граѓаните да знаат како да се однесуваат при одење во аптека и што да очекуваат.
– Загриженоста е оправдана и произлегува од момементалниот недостиг на заштитни маски, заштини одела и средства за дезинфекција на раце и работни површини. Недостигот е во толкава мера што не се однесува само на широката потрошувачка, туку и за нашата лична заштита. Ако ние, здравствените работници во аптеките не сме соодветно заштитени и ако само еден вработен во аптека се зарази, имајќи го предвид и моменталниот недостиг на кадар, аптеките нема да може да функционираат – велат од Здружението.
Не ни треба паника
Абду Шаркави е доктор специјалист за заразни болести кој вели дека најмногу се плаши од губењето на разумот и бранот на страв меѓу луѓето, односно од паниката што може да се создаде, а не од Ковид-19. Реакции на луѓето на ширењето на коронавирусот би можеле да направат поголема штета од самата болест, вели тој во еден свој коментар на социјалните мрежи. Тој е лекар и специјалист од Универзитетот во Торонто, Канада, и напиша дека болеста е навистина опасна, но дека често мерките за запирање на вирусот што се преземаат само поради сопствен интерес се покажуваат како полоши.
Во неговата објава, која е споделена стотици илјади пати преку социјалните мрежи откако тој ја напиша, се критикува „фасцинантната спирала на паника“, која тој ја забележал во светот додека се зголемува бројот на заболени, но и проблемот со заштитните маски.
„Се плашам од Н95 маските, кои се крадат од болниците и клиниките за итна нега каде што навистина се потребни за здравствените работници од првите борбени редови и се однесени на аеродромите, во трговските и во кафулињата, одржувајќи уште повеќе страв и сомнеж“, вели тој во своето обраќање на социјалните мрежи