CelebrityНовости

Живеев во подрум со мрTов дедо: Божиновска проговори за пеколот по разводот

Advertisement

Познатата фолкерка Гоца Божиновска, позната по контроверзните излагања во медиумите и неколкуте животни драми што ѝ се случија, повторно ги вознемири нејзините фанови со уште едно шокантно признание. Српската пејачка си ја отвори душата и раскажа низ каков пекол поминала во младоста во периодот кога живеела со една нејзина колешка.

– Злата и јас живеевме по подруми и шупи. Речиси во исто време се разделивме од татковците на нашите деца. Заедно тргнавме во нов живот. Уф, кога ќе ми текне низ што сѐ поминувавме. Многу работевме. Пеевме по кафеани, трчавме, создававме. Еден перод живеевме во еден подрум во кој претходно живеел еден дедо.

Advertisement

Кога тој пoчина, семејството одлучи веднаш да го издаде просторот. Немаше ни светло, во темница се движевме на допир за да стигнеме до влезната врата. Како да живеевме во мрачен и влажен подрум со мртов дедо. Се сеќавам кога една вечер се вратив дома, кога ја затекнав Злата во солзи.

Избезумена, се тресеше од страв. Го сонувала дедото, толку ѝ било реално што имала привиденија дека цело време е до неа. Страшно беше – раскажа Божиновска за реалното шоу „Вип“.

Advertisement

Последната афера во која Гоца беше вмешана се случи минатиот месец кога беше уапсена, па казнета со 200.000 динари, откако српските власти ја обвинија дека го изнајмувала својот стан на мигранти.

Според судската пресуда, таа е одговорна за непријавен престој на лица во нејзиниот стан, но и поради неплаќање данок на приходите од изнајмувањето. Откако беше уапсена, па ослободена, пејачката изјави дека не знаела дека мигранти престојуваат во нејзиниот стан, дека истиот го изнајмила на некој човек, па претпоставува дека тој потоа им го рентал на лицата со нелегален престој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button