CelebrityНовости

Ако згрешам нека изгорам: Мими од Велес нѐ потсети на тажниот живот на Бафтировски

Advertisement

Денеска на социјалните мрежи сите го споделуваат настапот на Мими Јовановска од вчерашната епизода на Ѕвездите на Гранд“.

Велешанката го остави без зборови жирито со интерпретацијата на два познати рефрена, меѓу кои и безвременската балада на Пепи Бафтировски, која многу години подоцна ја обработи и македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.

Advertisement

https://www.youtube.com/watch?v=K1CP2aOcfjg&feature=share&fbclid=IwAR0V8pHw2ZNFPKuD7IF3ZJi2wjtyOyhQLWOp-jj-mDwsx49kBtDDeGVJqEY

„Ако згрешам нека изгорам“ е тема со која нашите млади и надежни пејачи често се натпреваруваат во регионалните шоуа за таленти. Сите се сеќаваме на маестралната изведба на Антониа Гиговска во шоуто „Пинкови ѕвездички“.

https://www.youtube.com/watch?v=0P0u1hhs4Mc

Advertisement

На овој начин сѐ уште живее творештвото на Бафтировски кој важеше за еден од нашите најдобри фолк-пејачи. Во 2003 година со семејството се пресели во Чикаго, а во 2008 му беше дијагностициран рак на белите дробови. Почина на 66 години.

Во Америка се пресели со сопругата Ава Керш со која има две деца,  ќерката Марина и синот Емил. Кратко време по иселувањето познатата естрадна двојка се разведе, но Пепи и Ава останаа пријатели до неговата смрт.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button