CelebrityНовости

Анета молика го откажа настапот во Италија поради Корона вирусот

Advertisement

Поради корона вирусот и групата Молика реши да не патува во Италија.

Advertisement

Нашата позната фолк пејачка Анета молика го откажа настапот во италија заради корона вирусот. Таа на фб ја објави следната порака

Имено откако во Македонија беше регистриран првиот случај на корона вирус, и тоа на жена која престојувала во Италија, членовите на бендот решија да го откажат настапот во оваа земja.

Advertisement

Пациентката се наоѓа на интензивна нега на Инфективна клиника, но слободно дише и е во изoлација. Таа цел месец била болна во Италија i директно од граница се упатила на Инфективна клиника. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата vо Влада.

„Жената е сместена во изолација на Клиниката за инфективни болести во Скопје и се третира соодветно на нејзината возраст и состојба. Еден месец била во Италија, а две недели била болна и третирана со антибиотици во италијанска установа. По враќањето во Скопје, веднаш се упатила на Клиниката за инфективни болести. Се прават проверки на сите лица кои биле со неа во комбето, ќе бидат идентификувани, соодветно третирани и ќе бидат ставени во двонеделен карантин“, изјави Филипче.

Екипа од Институтот за јавно здравје прават епидемиолошка анкета кај пациентката и деталите со кого се била во контакт и на кој начин е заразена ќе бидат соопштени на наредната прес-конференција што е најавена за 20 часот.

Министерот за здравство од говорницата во Владата нагласи дека нема простор за паника. Кон препораките се придружија и епидемиологот, доктор Жарко Караџовски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски кои упатија смирувачки тонови, потенцираа дека се постапува согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Во однос на петтмината работници од Кина, беше кажано дека поминале 14 дневен надзор и се во изолација, прегледани и ја поминале епидемиолошката анкета. Тие се наоѓаат во селот Извор, кичевско.

Инаку пред неколку месеци Анета и Џими Мицевски од бендот „Молика“ за својата куќна слава Митровден отворија ресторан …

Како што истакна Џими за медиумите, ресторанот е направен со пари од музика и затоа во него секогаш ќе има музика. Отворањето беше во пресрет на христијанскиот празник Митровден кој воедно е и празник на семејството Мицевски. Цените во ресторанот ќе бидат прифатливи за сите, а ќе гостуваат познати музичари од целиот регион.

Ресторанот се вика „Вила Молика“ и се наоѓа во населба Довлеџик, на патот кон Брусничка населба во Градот на конзулите, а на свеченото отворање беа присутни бројни познати имиња од нашата естрада.

Инаку, бендот „Молика“ постои повеќе од 20 години и важи за една од најпознатите фолк состави во Македонија. Тие се многу популарни и меѓу нашинците во дијаспората, а минатата година ги изненадија своите обожаватели кога наместо промоција на нивниот албум парите ги донираа во Домот за доенчиња и мали деца без родители во Битола.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button