Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) откако го напуштија кралскиот двор и се преселија во Канада ретко се појавуваат во јавност.
Сепак двојката заедно го прослави Денот на вљубените и нивните фотографии повторно го обиколија светот.
Меган со синот Арчи беше во Канада, додека Хари престојуваше во Велика Британија каде се обиде да ги среди односите со семејството.
Кралската двојка заедно допатува од Канада во САД каде престојуваат поради деловни состаноци, а самите си ги носеа куферите зошто дојдоа со комерцијален лет.
Двојката во Америка отиде и до Мајами за да излезат на вечера со Џенифер Лопез и Алекса Родригез, вереникот на пејачката и актерка.
Меган веќе доби неколку понуди за работа, а едната се однесува на канадско реално шоу во кое Меган би зборувала за венчавката со Хари.