LIFESTYLEВирално

Големо БРАВО за големата хуманост на генсекот на СДСМ

Advertisement

Генералниот секретар на СДСМ е најголем индивидуален донатор за СОС Детското село во Скопје за 2019-та година.
Тој две и пол години ги донирал своите дневници и досега тоа никој не го знаеше, се додека не му беше доделено признание по повод Меѓународниот ден на човечката солидарност, 18 години постоење на СОС Детското село во Македонија и 70-годишнината од формирањето на првото СОС детско село.

Advertisement

Љупчо Николовски откако му беше доделено признанието се огласи на социјалните мрежи и напиша:
„Ми го исполнивте срцето со радост и среќа! Благодарен сум на СОС Детско село за ова признание кое многу ми значи! Да бидеме хумани и благородни, да донираме, да помагаме, да подадеме рака секому! Секој ден може да биде повод за мал гест!“.

Инаку настанот насловен како „Едно семејство“, се одржа под покровителство на првата дама на Македонија, г-а. Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот Стево Пендаровски. Таа пред присутните одржа говор.

„Секое дете заслужува да расте во топол дом опкружено со љубов и внимание, односно ниту едно дете не треба да расне само, како што е истакнато во мисијата на СОС Детско село. За ова да биде остварливо секој од нас може да придонесе на различен начин. Токму и денеска сме собрани да им оддадеме признание на оние што несебично одвојуваат средства, време, енергија и придонесуваат кон остварувањето на мисијата на СОС Детско село.“

Advertisement

„Би сакала, како покровител на оваа манифестација, лично да им се заблагодарам и да ги охрабрам и понатаму несебично и безрезервно да помагаат, да бидат солидарни и великодушни. Со грижата за најмладите се грижиме и за нашата иднина, се грижиме за напредокот и за просперитетот на целата заедница. Сите ние сме едно семејство и секој член на нашето семејство заслужува да биде исполнет со радост и среќа“, рече Елизабета.

На настанот се обрати и австрискиот амбасадор во Македонија, Георг Вуцас, кој потенцираше дека со поддршка на Детското село сите можеме да направиме разлика и најави дека оваа година приходите од Виенскиот бал, што се одржува на 14 март 2020 година во Скопје, ќе бидат посветени токму на Детско Село. Тој во својот говор потенцираше дека на ранливите луѓе им е потребна нашата помош, особено на децата кои останале без родители.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button