Реклама
CelebrityСтил

Кралицата Летиција „фураше“ фустан што секоја дама може да го има во своите плакари

Реклама

Многумина ова издание на шпанската кралица го споредија со една комбинација на војвотката од Кембриџ
Кралицата Летиција (46) важи за една од најдотераните дами од кралскиот двор, а тоа го покажа и со своето последно издание.

Имено, убавата кралица која е позната и по тоа што покрај скапите често носи и парчиња од поевтини брендови кои можат да си ги дозволат и „обичните смртнички“ овој пат ги воодушеви сите со својот едноставен фустан во темносина нијанса и со бел графички дезен.

Маркетинг

Моделот со кратки ракави и со копчиња на предната страна е зачинет со џебови, а кралицата го носеше со ремен.

Маркетинг

Целото издание поранешната новинарка го заокружи со високи потпетици од Каролина Херера, а корисниците на социјалните мрежи ова издание го споредија со комбинацијата што Кејт Мидлтон ја носеше минатата година на отворање на една изложба во Лондон.

Војвотката тогаш носеше сличен модел од Ердем

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button