Хороскоп

Жена во овој хороскопски знак никако не смеете да испуштите – Таа е совршена сопруга, грижлива и најдобра мајка

Advertisement

Таа знае од која било куќа да направи дом и секој аспект од вашиот живот ќе го исполни со искрена топлина и љубов.

Станува збор за жените кои се Рак во хороскоп.

Advertisement

Жената Рак најдобро и најсигурно се чувствува дома, а нејзиното семејство е нешто свето. Припадничките на овој знак сакаат мирен и стабилен семеен живот, а верноста и лојалноста се најважните особини што ги бараат кај партнерот.

Жената Рак неизмерно ужива во заведувањето и во сексуалните фантазии. За неа, сексот е танц со партнерот за кого сака да се приврзе емоционално. Тие покрај себе сакаат маж кој е доминантен и подготвен на сè, со цел нивната врска да биде подеднакво емотивна и страсна како и првиот ден.

Advertisement

Припадничките на овој знак важат за внимателни и верни пријатели. Жената Рак е единствената која ќе се погрижи сите безбедно да се вратат дома по лудата ноќна забава и секогаш се јавува за да провери дали сите се добри. Ако ви треба некој за да ве утеши, жените родени во овој знак се одлично рамо за плачење и секогаш знаат како да ги смират луѓето околу себе.

Во работата секогаш играат на сигурно и одлично им оди во долгорочните проекти кои бараат посветена работа и труд.

Не покажува премногу надворешна убавина, телесната страст е латентна, неизразена. Мирна, повлечена, се двоуми и на идеалната брачна понуда. Извор на топлина, од нејзе извираат тивки и бујни чувства, волшебство на мечтите и ноќта. Непретпазлива, плашлива, подложна на секакво влијание, па неправедно ја оценуваат како лесна роба.

Никогаш не ја открива љубовта, во смислено припремената романтична стапица паѓа заради тоа што не знае да даде отпор, потоа долго трпи и плаче. Постојано патува со мислите, па грубата јавност понекогаш ја доживува како сон. Многу е приврзана кон домот, мажот, децата.

Без деца животот и е промашен и се посветува на религија. Обично има бујни гради. Еросот во бракот е светост, неверна е само во соништата, темницата и сонот доловуваат многу страсти во сите можни пози, ни воведни бакнежи не се потребни. Ако е изневерена простува и страда, така да тоа може да ја одведе во носталгија и трагедија. Мајка која се жртвува.

Жената Рак е единствена и неповторлива, грижлива, добра, лојална и приврзана. Вистинска дама за пример! Таа потполно ќе ги промени законите на физиката во вашиот живот и ќе го заврти за 180 степени. Домот постојано ќе ви зрачи со топлина, бидејќи таа е способна секое катче да го направи удобно и пријатно.

Во креветот е нежна и сензуална, но знае да биде нескротлива и непредвидлива. Никогаш нема да ви биде доста од нејзините бакнежи. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки. Маж кој ќе ѝ биде поддршка и ќе се бори заедно со неа во секоја животна битка. За возврат ќе ви го подари целото нејзино битие и ќе биде подготвена да остане со вас и во добро и во зло, ако тоа е потребно.

Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм со кој се носи природно и спонтано како вистинска дама.

На оваа вредна и сестрана жена потребен ѝ е маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button