Реклама
Препораки

ЈАС СУМ МАЈКА: И сега сум изморена, за тоа не се виновни моите деца или сопругот, туку јас самата

Реклама

Мајките ќе направат сè за да ги видат нивните деца среќни. Макар и тоа да вклучува неколкумесечни подготовки на совршените подароци за празниците, на новогодишните декорации, на честитките, колачињата…

Како деца, секогаш сметаме дека празничната магија едноставно се случува, но кога ќе пораснеме, сфаќаме дека некој напорно работи за таа да се случи. Најчесто, тоа се мајките.

Џесика Џонстон напиша текст кој потсетува колку е важно да се продолжуваат традициите, за и децата да ја почувствуваат магијата кои родителите ја чувствувале кога биле мали.

Маркетинг

Според нејзиниот текст, Motherly создаде и видео кое претпразнично допре до многу родители:

Јас сум Дедо Мраз, ирвасите и магијата.

Маркетинг

Јас сум вкусните ароми, полните мешиња и Божиќниот дух.

Јас сум трепкачките сијалички, чистите бањи и новогодишните украси кои висат на влезната врата.

Јас сум приказните и потсетникот што навистина претставува Божиќ.

Јас сум честитките, координаторот на посетите кај баба, дедо и роднините, јас сум божиќните пижами на Бадник.

Јас сум традициите, куварот за школските божиќни продавници, купувачот во последните пет минути на подароците кои биле заборавени.

ЈАС СУМ МАЈКА.

И сега сум изморена.

За тоа не се виновни моите деца или сопругот, туку јас самата. Тоа е нешто што се пренесува од генерација на генерација жени. Како дете, си мислев дека топлите силни чувства кои ги имав на Божиќ едноставно се појавуваат.

Сега знам дека магијата се случува бидејќи некој работи напорно на тоа, а сега тој некој сум јас.

Јас сум сентиментална личност. Обожавам да гледам како очите на моите деца сјаат кога ќе ја видат елката. ОБОЖАВАМ да купувам подароци за моите деца и веројатно сум повозбудена од нив кога ќе дојде време за одвиткување. Срцето ќе ми експлодира од божиќниот дух.

Обожавам да гледам божиќни филмови и да јадам колачиња со мрвици.

Обожавам божиќни пијалаци и божиќна храна.

Божиќните празници отсекогаш биле специјални за мене додека растев, а сега сакам да ја пресоздадам таа магија за моите деца…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button