Реклама
Вести

На поранешниот член на „Бјело дугме“ му беше ампутирана ногата: Еве каква е состојбата на рокерот!

Реклама

На рокерот Милиќ Вукашиновиќ му била ампутирана ногата.

Имено, по мачните болки кои ги трпел со денови, лекарите итно го оперирале и решиле да му ја ампутираат ногата до коленото.

Операцијата е извршена утрово, а тој е во стабилна состојба.

Маркетинг

Милиќ се јавил на повикот на српски Информер, само неколку часа по операцијата и во таа прилика истакнал дека долго време имал проблем и дека ампутација била неизбежна.

Маркетинг

– Утринава ми беше ампутирана ногата. Се борам со години. Лани ја оперирав левата и тоа беше успешно, бидејќи крвните садови беа подобри. Подоцна дознав дека имам четири невризми од десната страна, но тоа не беше страшно. Имав огромна болка во потколеницата. Отидов на скенирање, кога се покажа дека многу малку крв влегува во стапалото. Стапалото беше најголемиот проблем. Јас сум крив затоа што сум го форсирал со одење, за да можам да свирам концерти. Тоа ме чинеше нога. Страдав, трпев… Отидов и во хипербарична комора, електромагнетни бранови… Отидов и во две бањи… Ништо не помогна, само се влошуваше и полошо. На крајот реков: ‘Луѓе, не можам да бидам таков пациент, да бидам осакатен поради комплекс’. Сè уште сум во болница, имав неверојатни лекари. Анестезиологот ми ги одвои двата пршлени и таму ми даде две инјекции. Сè беше направено под локална анестезија. Ништо не почувствував – изјави Милиќ Вукашиновиќ за „Информер“.

Да потсетиме, фолкерот и рокер Милиќ Вукашиновиќ на крајот на минатата година мина неколку недели во болница поради срцев удар, но поради компликациите кои настанаа, тој помина и осум дена на интензивна нега.

Мораше итно да се оперира и на ногата бидејќи се зарази со бактерии добиени во болница, а јавно проговори и за својата борба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button