Вести

Славчо Попоски со најнови анализи – Еве кога не очекува поголемо затоплување на времето!

Advertisement

Денес времето ќе биде облачно на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд.

Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер.

Advertisement

Утрово најниска температура од -7 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат Попова Шапка со -5 степени, -4 Крива Паланка и Битола, -3 Прилеп, -2 Лазарополе, Крушево и Струмица, -1 Тетово, Маврови Анови, Виница, 0 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, 1 Штип, Дојран, 2 Демир Капија, Куманово, Велес и 3 степени во Претор и Дебар.

Добивај вести на вибер
За изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд е наврнат во Лазарополе 7 л/м2, во Дебар и Маврови Анови 3 л/м2 и 1 во Берово, Битола и на Попова Шапка.

Advertisement

Највисока снежна покривка во 7 часот е измерена во Ѓуриште 18 см, потоа 11 см во Маврови Анови, Дебар, Берово и Крушево, 8 Битола, 7 Попова Шапка, 4 Крива Паланка и Лазарополе и 2 см во Тетово.

Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд.

Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

На првиот ден од декември, најавуваме краткотрајно поголемо затоплување на времето, но потоа најголем дел од континентот и Балканот под нов голем продор на поларниот вртлог.

Овој продор ќе донесе и многу снег низ Европа и регионот, но дали и кај нас? Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатами и дали токму ова ќе се оствари, напиша на својот фејсбук профил Славчо Попоски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button