CelebrityНовости

Се сеќавате ли на Кока од Подобар живот – погледнете како познатата актерка изгледа денес

Advertisement

Јелица Сретеновиќ се прослави со улогата на кока во „Подобар живот“ до толку што и денес луѓето ја викаат така.

Advertisement

Јелица отсекогаш знаела дека ќе биде актерка, па затоа и беше примена на ФДУ; а заради тоа го запоставила средното училиште.

„Толку бев сигурна дека ќе го положам приемниот што ни не размислував за друга опција. Добив и шлак.ница од секретарот на училиштето. Ме праша дали сум нормална и ми кажа дека не може да поверува дека се испишувам, а јас ни втора година не бев завршила“, зборуваше своевремено познатата актерка.

Advertisement

Сепак, Јелица ништо не можеше да ја сопре, па така додека нејзината генерација одеше во трета година средно, таа стана студентка.
„Исто се лудуваше како и денес. Почнувајќи од матинето во Домот на младите, па до дискотеките кои тогаш беа на најјако! Се враќавме дома во четири наутро. Па јас сето тоа го направив до своја 18 година, бидејќи се омажив на 19“, изјави актерката со насмевка, пренесува Експрес.рс, откривајќи дека нејзиниот сопруг Милош Сретеновиќ всушност бил другар од школото на нејзината тетка.

Тој доаѓаше по тетка ми да одат во школо заедно и практично ме гледаше како растам. Кога тие имаа 16 години, јас имав пет, односно, кога тргнаа на факултет, јас бев првоодделенче.

Иако се знаевме од порано, нашата средба беше по сите тие години и љубовта беше на прв поглед. Се забавувавме година дена. Миша беше сериозен човек, работеше во Собранието на градот и секако одеше по ресторани. Кога јас сакав да одам во дискотека, и тој одеше со мене. Ќе се излудувам, и изнаиграм, а тој само ќе седеше и чекаше и понекогаш ќе се прекрстеше. Миша беше сјаен!“ се присети тогаш Јелица со доза на носталгија по својот по чинат брачен другар.

Таа за време на третата година од студиите остана во блажена состојба, а одеше на предавање се до 10 дена пред да се породи.

„Ана се роди во април, а во мај беше испитот за глума од трета година. Тоа беше сериозен и голем испит. Излегов, и секако, положив и добив деветка, онака од породилиште! Сé се може“ – истакна Кока, додавајќи дека сопругот цело време несебично ја поддржувал во сите ангажмани, па дури и во оние заради кои често морала да отсуствува од семејниот дом.

Тие двајцата подоцна ја добија и втората ќерка Оља.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button