Само овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа со парите до крајот на 2019 година
Овен
Овни се уште не ги трошите парите, но 2019 изгледа како одлична година што се однесува до финансиите. Доста работевте, подгответе се за наплата! Многу од вашите проекти, идеи и бизнис потези ќе дадат резултати. Тоа може да значи дека е време за скок во кариерата или понатамошно големо развивање на бизнис идеи и планови.
Сепак, генерално оваа година ќе ви донесе сила и самодоверба, благодарение на тоа што ќе успевате постојано да одите напред. Постои можност ситуацијата на ова поле значајно да се подобрува – да пронајдете нова работа или пак да напредувате на старата. Крајот на годината носи убава финансиска добивка и сјајен период за вложување или купување на некои недвижности.
Ако имате проблеми со здравјето, тие ќе се средат до летото 2019 година, но би требало да се занимавате со вежбање и здрава исхрана, ако сакате да останете здрави и убави.
Вториот дел од годината носи исполнување на многу желби за Овните. Подгответе се, ве очекуваат убави патувања и свечености. Како што годината ќе се приближува до крајот, ќе забележувате дека сте помирни и посреќни.
Кога станува збор за работата и парите 2019 е ваша година. Вашите способности ќе дојдат до израз уште во првата половина од годината, па затоа целете кон високо. Гледајќи го годишниот хороскоп за Овен, може со сигурност да се каже дека нема причина за несигурност кога се што ќе замислите звучи како извонредна идеја.
Риби
2019 носи голем успех кога станува збор за меѓучовечките односи и финансиите. Кариерата, парите и желбата да учите и развивате своите способности ќе го одбележат првиот дел од годината, но и напорната работа.
Но, тоа е во ред бидејќи вие не се плашите од напорната работа. Добра вест е тоа дека ќе ги надминете сите потешкотии и тоа ќе ве направи посилни и подобри. Финансиите ќе се подобрат и ќе се чувствувате попродуктивно, но и посмирено.
Во однос на семејството и пријателите, се е во ред. Ќе имате удобност и блискост, но ќе морате да вложувате повеќе труд во пријателствата и односите со другите. Ако сте во врска, во јули таа ќе наиде на потешкотии и тоа ќе биде добар момент да сфатите дали сакате да сте со таа личност.
Во однос на здравјето, водете сметка за здравиот начин на живот и редовното вежбање. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате здрави, среќни и витални.
Вашата напорна работа конечно ќе се исплати, како што покажува годишниот хороскоп за Рибите во 2019 година. Во пораниот дел од годината, најверојатно ќе добиете некој нов поттик. Ако не сте почнале некој нов проект, не е важно. Среќата постојано ќе ве следи во финансиска смисла, па затоа не треба да сее оптоварувате.
Се доаѓа на свое место и во моменти кога мислите дека се е изгубено, нема ни да бидете свесни какви се можности ве опкружуваат. Најдобар дел за бизнис зделки е првиот квартал од годината, додека во подоцниот период вашиот успех ќе биде проследен со проблеми.
Бидете подготвени вредно да работите, затоа што првиот период на лесен успех без преголем напор брзо ќе помине.
Лав
Ова е година кога максимално ќе се организирате, но и кога ќе научите да делегирате дел од вашите обврски на други личности.
Годишниот хороскоп за Лавот покажува дека 2019 година ќе започне доста бурно!Промоции,признанија, внимание….се она за што Лавот живее. Ваков вид на успехот ќе продолжи во текот на целата година, што е добро, имајќи ги во вид новите идеи или продолжување на проектите кои сте ги занемарувале во последно време.
Строгиот Сатурн цела година ќе патува во вашата 6-та куќа на системите и структурата, поттикнувајќи ве да правите сè по план. Ќе имате потреба од уреден простор за да бидете максимално продуктивни, па реорганизирајте ја вашата канцеларија.
Среќната планета Јупитер оваа година ќе патува во вашиот сектор на креативноста. Ќе бидете извор на уникатни идеи вредни за реализирање и значително ќе си ја зголемите почитта на колегите. Обидете се да не ги мешате работата и задоволството.
Подгответе се, вашиот професионален живот ќе биде превртен наопаку. На 6 март Уран, планетата на радикалните промени, ќе влезе во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање и ќе остане таму цели осум години. Некои лавови ќе скршнат од професионалниот пат по кој досега чекореле за да се обидат да се реализираат во нова област, други ќе бидат преместени на сосема различно работно место, а трети неочекувано ќе се вработат.
Внимавајте кога склучувате зделки или кога инвестирате во нешто заедно со друга личност. Оваа година Нептун, планетата на скриените намери, ќе патува во вашата 8-ма куќа на богатството и заедничките инвестиции, што значи дека луѓето нема да ви го покажуваат вистинското лице. Не бидете наивни!
Започнување на нова работа или подобрување на старите односи може да донесе голем успех. Најдобар совет е да продолжите да барате нови можности, затоа што може многу да се добие од тоа. Ако нешто не оди како што треба не го губете времето. Пристапете од поинаков агол.
Годишниот хороскоп за Лав покажува дека во 2019 година ќе има многу успех, така што ако една опција се затвори, не се нервирајте. Ќе се отвори нова и подобра и нема да чекате на неа.