CelebrityНовости

Продавале крофни и чистеле тоалети: Овие ѕвезди не се срамат од своето минато

Advertisement

Заработуваат милиони и максимално уживаат во благодетите на луксузниот живот, но многу звучни имиња од шоубизнисот во младоста се соочувале со различни искушенија за да стигнат онаму каде што се денес. Многу актери и пејачи кои денес се глобални ѕвезди не сакаат да зборуваат за своето минато, но има и такви кои гордо изјавуваат дека првите пари ги заработиле како келнери, обезбедувачи или продавачи во бутик.

Пред да стане „материјална девојка“ и светска сензација, Мадона била просечна тинејџерка која не можела да се ослони на нејзината баба која ја пораснала, барем не кога финансиите се во прашање. Денес ја нарекуваат кралица на попот, но пред четири децении во соседството ја препознавале како продавачка на крофни.

Advertisement

Џим Кери сега е еден од најплатените актери во Холивуд и заработува и до 20 милиони долари од само еден филм, но долго време бил принуден да работи нешто што воопшто не му се допаѓало. Кога имал 15 години, неговиот татко останал без работа, па познатиот комичар за да му помогне на семејството, слободното време принудно го заменил со работа како обезбедувач на еден комплекс продавници, но и како чистач на гуми во една фабрика во Торонто.

– Мајка ми ме облекуваше во костим од полиестер и така одев да работам. Оваа авантура траеше цели две години – призна Кери во едно интервју.

Advertisement

На многу рана возраст почнала да заработува и Кетрин Зета Џонс. Денес живее во замок со луксузен мебел и е познат колекционер на уметнички слики кои вредат милиони, но ѕвездата од филмскиот хит „Маската на Зоро“ растела со други приоритети.

– Знаев дека сакам да бидам на сцена, но воопшто не размислував за филмови. Работна навика стекнав уште на 12 годишна возраст кога почнав да се појавувам во мјузикли, а во средно училиште за џепарлак заработував како продавачка – објасни таа во една прилика.

Стивен Тајлер, познатиот фронтмен на „Аеросмит“, им приреди вистински шок на фановите по признанието дека како младо момче чистел тоалети и туш-кабини. Тајлер не бил сиромашен и работел во одмаралиште со кое менаџирале неговите родители, но на оваа привремена работа тој и денес се присетува како на најлошото нешто што му се случило во животот.

– Ги местев и креветите. Мајка ми дури ме тераше и чаршафите да ги пеглам – се пожали пејачот пред неколку години.

Бред Пит денес поседува неколку луксузни имоти на различни континенти, но холивудскиот срцекршач пред да заплови во актерството долго време барал начини за да заработи некој долар повеќе. Првиот хонорар го добил како аниматор на аголот од еден булевар. Облечен како кокошка во смешен жолт костум рекламирал ресторан за брза храна.

Слична професија имала и музичката дива Мараја Кери. Работела како келнерка, но не се покажала како вешта и сопствениците на ресторанот ја избркале од работа. Претходно била ангажирана и во еден локален фризерски салон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button