Реклама
Вести

ПОЧИНА ПОЗНАТОТ ПЕЈАЧ: Ја загуби битката со ракот

Реклама

Познатиот рокер почина во својот дом, ја загуби битката со најтешката болест!

Си Џеј Снер, пејачот и фронтмен на бендот „Фајрхаус“, почина во петокот на 64-годишна возраст, откако ја загуби битката со најтешката болест. Тој почина од рак на дебелото црево.

Судејќи по објавата на популарниот бенд на социјалната мрежа Фејсбук, Снер ненадејно починал во својот дом, како што веќе споменавме, во петокот на 05.04.2024 година.

Маркетинг

– Денеска е тажен ден за рокот. Со голема тага го информираме светот дека го загубивме нашиот брат Си Џеј Снер, рокенрол воин, главен вокал и основач на групата „Фајрхаус“. Тој почина неочекувано дома во петокот вечерта, 5 април 2024 година. Имаше 64 години – изјавија членовите на бендот.

Маркетинг

Си Џеј Снер беше еден од ко-основачите на бендот „Фајрхаус“. Бендот датира од 1980 година. Снер остана член на бендот до самиот крај, заедно со тапанарот Мајкл Фостер и гитаристот Бил Лаверти. Бендот беше многу популарен во деведесеттите, кога беше објавен нивниот истоимен албум.

Претходната година тој беше опериран на абдоменот, поради што беше принуден да престане да настапува и турнеи. Нему му беше дијагностициран рак на дебелото црево пред четири години, во 2020 година.

Пред само една недела Снер навести дека се враќа на сцената.

– Секој ден се чувствувам посилно. Ќе се вратам на сцената побрзо отколку што мислите. Здравјето е на прво место, па чекам целосно да закрепнам – напиша неодамна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button