LIFESTYLEВирално

Неочекуван крај на тажната приказна за малата Ена која мајка и ја оставила веднаш по раѓањето

Advertisement

Потресната приказна за девојчето Ени од Грачаница и нејзината мајка се прошири на социјалните мрежи.

Бројни граѓани од целиот регион реагираа сакајќи да помогнат на несреќното семејство, но приказната најверојатно ќе има потполно поинаков крај бидејќи според хуманитарната организација „Помози.ба“ во прашање е класична измама и злоупотреба на детето.

Advertisement

Тие преку својата Фејсбук страна објасниле како и зошто ги повлекле парите за помош на ова семејство.
Еве ја нивната порака:

„На видеото можете да го видите спорното семејство од Грачаница кое пред 2 години доби мошне вредна донација – реновирање на куќата, со уште неколку подароци за семејството. Денес под голем притисок на луѓето кои од нас бараа да им помогнеме, веднаш реагиравме и уплативме донација која подоцна успеавме да ја повлечеме бидејќи во меѓувреме од партнерска организација добивме информации дека во прашање е класична превара и злоупотреба на дете. На партнерите им поверувавме, а во меѓувреме дојдовме и до следново видео“, пишува во нивната објава.

https://www.facebook.com/pomozi.ba/posts/1809024992563092

Advertisement

Според директорката на Центарот за социјална работа во Грачаница семејството не е оставено. И директорот на училиштето во кое девојчето оди на училиште вели дека Ени не е гладна. Таа има гардероба, мобилен, добива бесплатни ужини и екскурзии, а храна и носеле и на домашна адреса.

На прашањето дали станува збор за злоупотреба на детето, директорката одговори дека не знае, но и дека е затекната од целата приказна, пренесе Радијосарајево.ба

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button