CelebrityНовости

Нема да ви се верува колку чини „ролексот“ што Емина го доби од својот поранешен сопруг

Advertisement

Не штеди на поранешната сопруга

Емина Јаховиќ за својот 38 роденден од својот поранешен сопруг Мустафа Сандал со кого е повторно во врска доби часовник од 45.000 евра.

Advertisement

Пејачката некаде непосредно пред Новата година му се врати на познатиот турски музичар, па сега тој ја изненади со скапоцениот подарок.

Како што пренесуваат српските медиуми таа не сакаше да прави голема прослава за роденденот, туку само организираше вечера за семејството и пријателите. Нејзините синови Јаман и Јавуз ја изненадија со торта и цвеќе, а Мустафа реши да го одврзе кесето и ја почести со преубав подарок.

Advertisement

Емина беше запрепастена кога виде дека и подари „ролекс“. Веднаш му се фрли во прегратки и го бакнуваше пред сите нас. Го прашуваше колку го плати подарокот, а тој дури на крај од вечерта и призна дека потрошил 45.000 евра, зборува пријателка на пејачката, а пренесе „Информер“.

Но тоа не е единствениот подарок

„Емина и Мустафа не ги тргаат своите насмевки откако се заедно. Тој се пофали дека Емина и синовите ќе ги носи на луксузен одмор во Швајцарија каде веќе резервирал апартман во еден од најскапите хотели на Алпите“, вели овој извор за „Информер“, а пренесе порталот „Србијаданас“.

Мустафа пишува книга?

Како што неодамна објавија медиумите, Мустафа почнал да пишува автобиографија во која добар дел посветил на својата поранешна сопруга. Како што самата таа изјави во една пригода, се уште не знае за што точно ќе пишува нејзиниот сопруг, па и таа е љубопитна да дознае.

„На мене ми е мило што пишува книга, иако се уште не сум прочитала и не знам за што се работи. Можеби постојат и некои критики, кој знае? Ќе видиме за што станува збор“, изјави Емина во една емисија на „Пинк“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button