CelebrityНовости

Нема да верувате: Што сѐ работела Анета Наковска пред да стане пејачка?

Advertisement

Анета Наковска сменила неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис. За популарната пејачка која веќе неколку години живее на релација Македонија-САД, естрадата дефинитивно не била прв избор.

Advertisement

– Прва работа ми беше во агенција за недвижности, за подоцна да работам во фирмата на моите родители. Се пробав и во книговодството, а работев и на шанк во кафеана која беше сопственост на моите родители.

Бев вработена и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот – откри фолкерката во едно интервју за „Дневник“.

Во таа пригода таа образложи дека нејзината животна девиза е човекот секогаш чесно да работи и да заработи.

Advertisement

– Како што велат возрасните, бадијала работи, бадијала не седи. Тоа е и моето животно мото – раскажа Наковска.

Анета повеќе од четири години е во брак со бизнисменот Спиро Крлевски. Во емисијата на нејзиниот колега и пријател Драган Вучиќ, таа конечно откри интересни детали од нејзината љубовна приказна.

– Со Спиро првпат се бакнавме во авион. По само девет дена ме побара за жена. Партнерот ми дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера. Дури и самиот беше директно вклучен во креативниот дел. Мојот маж заедно со Љупчо Димоски се потпишува како сценарист и режисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“.

Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации. Му ветив дека отсега ќе биде задолжен за визуализирање на сите мои наредни проекти – откри пејачката во истото интервју и порача дека конечно го нашла човекот со кого посакува да се реализира и како мајка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button