Хороскоп

Немаат конкуренција: Никој не може да одолее на дамите родени во овој хороскопски знак

Advertisement

Дамите родени во овој знак се љубопитни, комуникативни, духовити и едноставно брилијантни. Едноставно не постои отворање на изложба, театарска премиера или каков било друг значаен настан што тие би го пропуштиле. Затоа и овие жени често се вработуваат во областа на медиумите за масовна комуникација.

Advertisement

Станува збор за жените Близнаци.

Тие се непредвидливи и својата социјална и љубезна маска можат многу брзо да ја заменат со дистанцирана и арогантна. Жените Близнаци од својот потенцијален партнер бараат ментална компатибилност, со цел да им го задржат вниманието, бидејќи не дозволуваат игри со своето тело од страна на личност што не е способна да ги предизвика интелектуално.

Жената родена во знакот Близнаци важи за забавна, друштвена, магична и провокативна. Изгледа многу младо и е ептен харизматична. Со неа, секој се чувствува помлад и затоа и ги простуваат чудните или манипулативни испади. Инаку е доста непредвидлива и својата друштвена и љубезна маска многу брзо може да ја замени со онаа дистанцираната и арогантната.

Advertisement

Сака да запознава нови луѓе и не е вообразена, но не е и претерано заинтересирана за долги љубовни врски. Всушност, жената Близнаци е со многу заљублива природа.

Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност и не дозволува физичка блискост со некој кој што не е способен да ја предизвика интелектуално.

Постојано има желба за нови работи, а тоа не е баш благослов за финансиите, нејзини или на сопругот. Тоа често подразбира ексцентричен изглед кој истовремено е резултат на егзибиционизам типичен за Близнаците.

Нон стоп е во движење и нема концерт, премиера, значаен настан кој би можела да го пропушти. Поготово, ако тоа и го налага професијата,бидејќи жените Близнаци често знаат да бидат врзани со средствата за масовна комуникација.

Оваа жена е енергична и возбудлива, но многу брзо ѝ здосадуваат работите. Таа постојано е во потрага по нешто ново и многу ја цени разновидноста. Таа најверојатно има повеќе интереси, но ниту еден од нив не ѝ го задржува вниманието подолго време. Нејзината ментална комплексност понекогаш е погрешно сфатена и поради тоа ја сметаат за дволична и плитка, но таа секогаш длабоко размислува.

И покрај тоа што премногу размислува, нејзината негативна страна е што премалку чувствува. Но, како и секоја друга негативна особина и оваа има еден вид позитивна страна. Жената-близнаци никогаш не е премногу емоционална и покрај неа никогаш нема да се чувствувате како да ве „загушува“. Таа нема да се обидува да ве контролира и секогаш ќе ви дава многу слободен простор.

Во љубовта таа е шармантна и мудра, но истовремено и директна и флексибилна. Нејзиниот едноставен карактер многумина го сметаат за привлечен, но тоа не значи дека таа може да биде лесно заведена. Нејзината двојна природа е секогаш јасно видлива. Во еден момент може да биде расположена за буквално секој, но веќе во другиот момент таа сака да биде оставена на раат. За да ја заведете мора да размислувате надвор од вообичаеното.

Размислете за целиот ваш пристап и прилагодете ги вашите способности и убедувања. Таа веднаш ќе забележи секаков вид несигурни или плитки обиди за да ја освоите. Доколку ве прочита, големи се шансите дека ќе се ви се изнасмее во лице за вашиот неуспех.

И покрај тоа што секогаш е расположена за игра, жената-близнак никогаш не игра со своето срце. Доколку сакате да ја заведете, фокусирајте се на нејзиниот интелект. Тој е нејзината основа; тоа е тоа што ја прави истовремено и силна и убава. Со стратегија за заведување која ќе биде базирана врз нејзиниот интелект, брзо ќе ѝ го придобиете вниманието. Таа по природа е многу зборлеста и пријателски настроена. Овие особини ѝ овозможуваат брзо да се вклучи во разговор со личности кои зборуваат на која било тема. Бидејќи жените-близнаци зборуваат брзо и размислуваат уште побрзо, вашиот прв разговор е клучен за понатамошниот развој на вашиот однос.

Нивната непрекината желба за новини има негативно влијание на буџетот и често води кон ексцентричен изглед што истовремено е и резултат на егзибиционизмот што е типичен за Близнаците. Тие постојано ги прилагодуваат своите потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промената е важен дел од нивниот живот, како и од психолошкиот развој.

Тие се спремни да го употребат сето „женско оружје“ – целиот шарм и привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Овие дами лесно се заљубуваат и затоа тежнеат кон идејата да имаат повеќе љубовници одеднаш. Лесно започнуваат разговор, посветени се на своите цели и способни се со шарм да ги маѓепсаат сите што ќе бидат во нивна близина. Тие се нешто како љубовен пијалак – штом ги пробате, веднаш ќе полудите за нив!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button