Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда и најзгодната баба меѓу фолкерките направија лом во Америка (фото)

Неда Украден и Александар Јосифовски посилни од бура!

Реклама

Ова беше посебен момент за младиот пејач

Македонската Гранд ѕвезда, Александар Јосифовски, моментално е на турнеја во Америка со уште една многу позната пејачка

Јосифовски на социјалните мрежи ги најави своите настапи на 19 и 20 јануари, кога ќе настапи како гостин на концертот на Неда Украден.

Маркетинг

Но покрај најавите за овие настапи, од неговите објави на социјалните мрежи можеме да видиме и колку емотивно ја доживеа посетата на Кливленд. Имено, ова место важи за престолнина на рокенролот и место каде што се наоѓа „Куќата на славните“ кога се во прашање најголемите светски ѕвезди од оваа музика.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Уште додека беше на Аеродромот можеше да се види дека Јосифовски е на вистинското место бидејќи сé беше во знакот на рок музиката.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Потсетуваме, Александар на оваа турнеја замина заедно со Неда Украден и за нивните настапи веќе се бара влезница повеќе.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Најзгодната баба меѓу фолкерките!

Неда и покрај тоа што е во осмата деценија од животот, се уште важи за една од најпознатите фолк-пејачки во регионот, а многумина се воодушевени и од нејзиниот изглед што е одличен за нејзини години.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Таа е горда на својот изглед така што и денес без проблем објавува свои фотографии во костими за капење.

„Јас сум на години со кои се гордеам. Изгледам така како што изгледам, се што имам на себе е мое. Јас сум пример за жените дека и без пластика може добро да се изгледа. Ќе објавам фотографија во костим за капење и ќе добијам коментар ‘Бабо, нели ти е срам’“, изјави Неда во емисијата „Магазин ИН“.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Наместо тоа би требало да ми кажат ‘Браво, жено’, да прашаат ‘Што јадеш, како го постигна тоа, дали вежбаш’. Зошто? Жена која добро изгледа, добро се чувствува.. Море, и да не изгледам добро ќе се однесувам како што сакам“, изјави неодамна популарната фолк-пејачка во споменатата емисија.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Настапот на Неда во Америка

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button