Конечно добри вести: Коронавирусот е ослабен, вели докторка која работеше во Италија во екот на епидемијата
После цели шест месеци работа во Италија со паценти болни од коронавирус, познатата д-р Нела Сршен се врати дома, во Хрватска. Таа работеше во Универзитетската болница во Падова и успеа дури сега да најде време да ја посети својата мајка во Метковиќ и во оваа прилика ги пофали и хрватските власти што добро се справиле со коронакризата.
– Најмногу се грижев за неа. Тешко е кога не можете да дојдете и да ја прегрнете својата мајка – вели докторката врз која тримесечната интензивна борба со коронавирусот остави длабока трага. Таа е лута на Хрватите поради тоа што се опуштени. Не носат маски, социјалната дистанца не ја почитуваат, а сите зборуваат за втор бран и ги бројат новозаболените.
– Кога се појавив во Загреб со маска, сите чудно ме гледаа. Некои веројатно мислеа дека сум луда или заразена – вели д-р Сршен.
Реалноста е дека можеби вакцина не е потребна
Докторката честопати била во ситуација на директен контакт со коронавирусот во операционата сала на Универзитетската болница во Падова, каде работи како хирург, поради што завршила во двонеделна изолација.
– Оној момент кога заврши целосниот карантин, не значи дека вирусот исчезнал. Сè уште има мали жаришта. Но, ситуацијата повеќе не е иста како во февруари. Ако имаме позитивни пациенти, нема потреба тие да одат на реанимација. Вирусот дефинитивно ослабна и неговото вирусно полнење не е како што беше порано. Со текот на времето се менува, но не затоа што мутирал. Постојат четиринаесет мали мутации кои би биле опфатени со вакцината. Овој нов вирус има школка што не мутира. И тоа е токму разликата во однос на вакцината против грип. Нова вакцина мора да се прави секоја година затоа што вирусот на грип се менува и тоа не е случај со короната. На крајот, останува прашањето дали воопшто е потребна вакцина против коронавирус – објаснува доктор Сршен.
Таа вели дека Кризниот штаб на Хрватска и епидемиолошката служба мора да ги промени параметрите за тестирање. Не може да се однесуваат како пред три месеци, бидејќи очигледно е дека вирусот ослабел.
– Сите оние кои се позитивни денес не мора нужно да бидат заразни за околината, но ова е концепт што во моментов не постои во Хрватска. Кога се презентираат податоци за нови случаи, на пример, тие велат дека „има три позитивни случаи“. Во нашата свест се создава слика на тројца пациенти кои се заразни и можат да заразат други луѓе. Како што е познато, високиот вирусен набој убива здрави клетки многу брзо, а тоа го видовме со илјадниците заразени и пo чинати во Италија. Меѓутоа, ако вирусното полнење е мало, не може да ги зарази клетки домаќини. Така, лицето кое е позитивно на тестирањето, повеќе не е заразно. Ова се таканаречени асимптоматски случаи, кои ги има сè повеќе – посочува д-р Сршен.
Според неа, за време на стандардното ПЦР тестирање денеска, потребно е да се направат неколку циклуси на амплификација за да се утврди дали има трага од вирусот кај тестираното лице, додека на почетокот на епидемијата, само еден циклус беше доволен за да се покаже дали лицето е заразено.
– Тоа е уште една потврда дека вирусот слабее. Треба да се направи разлика помеѓу случаи на висока виремија, кога некое лице е позитивно и високо заразно, и случаи кога некое лице има мало полнење на вирусот во него, без симптоми, кој не може да ги зарази луѓето во околината – објаснува д-р Сршен.
Според неа многу е тешко да се објасни зошто вирусот станува поблаг.
– Тоа е многу тешко да се објасни. Вирусот е паметен. Тој треба да преживее и му треба живо суштество. Значи, неговата цел не е да го убие домаќинот. Пренесувањето на вирусот од човек на човек носи траги од нашите геноми, така што вирусот станува поблаг, односно се прилагодува исто како што низ историјата се прилагодувале слични вируси. Се надевам дека и овој ќе стане дел од нас, затоа што веќе влезе во нашите животи и на крајот ќе се манифестира како обична настинка.
Д-р Нела Сршен објаснува и за вториот бран од коронавирусот.
– Ако под тој втор бран подразбираме тешка економска криза и тешка психичка состојба на луѓето, тогаш одговорот е да – ќе дојде до втор бран. Тоа што понекој пат имаме повеќе позитивни луѓе не значи дека ни доаѓа втор бран. Причината е што заврши затворањето и луѓето повеќе се движат. Но треба да се почитуваат сите епидемиолошки мерки. Во Италија казна за неносење на маска е 400 евра. Во Хрватска никој не носи маска и не се почитува социјалната дистанца, сите се гушкаат и бакнуваат.
И сите зборуваат за втор бран, а не се почитуваат епидемиолошките мерки, јас сум шокирана. Врз мене оваа ситуација остави трага. Во регионот Венето, каде што јас живеам, дневно имаше по две илјади позитивни и по 800 пo чинaти. Затоа сум толку шокирана од ваквото однесување на луѓето во Хрватска, како ништо да не се случило.
Во Хрватска можеби и не се случи, во во Италија се случи и затоа треба да бидеме внимателни. Втор бран можеби нема да има ако се однесуваме одговорно, вели доктор Сршен.