Една од најпровокативните сцени снимени во поранешна Југославија
На оваа сцена никој не остана рамнодушен
Во дамнешната 1977 година, кога го снимаше провокативниот новогодишен едиторијал, за Снежана Савиќ сите зборуваа како за актерка пред која е брилијантна кариера. Таа на своите ангажмани од тоа време и денес радо се сеќава, а најголемиот печат во кариерата и остави улогата на легендарната Коштана, која ја играше во 1976 година.
Но актерката ќе остане запаметена и по легендарниот лик во „Среќни луѓе“. Имено, таа припаѓа на генерацијата актерки кои ги рушеа табуата во поранешна Југославија и ја маѓепсуваа публиката во филмовите со што ги поместуваа границите на југословенската кинематографија. Таа во една сцена, која што ја снимаше во када, беше како од мајка родена.
Имено, таа во популарната серија „Среќни луѓе“ ја игра опасната заводничка Малина, а сцената кога се бања во кадата и ден денес важи за една од најконтроверзните сцени направени во поранешна Југославија.