Еве каде живеат Весна и Џоле Џогани, ги отворија вратите од својот стан – погледнете како изгледа нивниот луксузен и раскошен дом

Еве како изгледа љубовното гнездо на Весна и Џоле Џогани
Весна и Џоле Џогани уживаат во огромниот стан во кој доминираат светли бои, а на ѕидовите и мебелот е присутна беж.
Тие и двајцата често објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи од својот луксузно опремен стан
Како што порано изјавија, тие сакала нивниот дом да зрачи со просторност и прозрачност, па затоа и се обиделе минимално да го уредат. Во станот постои само еден ѕид на кој се наоѓаат полици на кои се сместени книги, но и достигнувањата што ги постигнале со бендот Џогани.
Инаку, сопругата на Џоле и покрај тоа што наполни 38 години, сигурни сме дека многу нејзини колешки и завидуваат на тоа како изгледа. Оние што не ја познаваат сигурно би помислиле дека таа се уште е во своите дваесетти години.
Таа секој ден вежба напорно, па често пред своите следбеници на социјалните мрежи знае и да се пофали како изгледа по силното вежбање во теретана.
Еве што напиша таа за себе неодамна, кога Анабела ја подзакачи со зборовите дека Џоле „ја подигнал од улица“.
https://www.instagram.com/p/CDndF-RF-27/
„Јас сум Весна Џогани. Ова е улица од моето детство. Јас сум родена овде. Тука пораснав. Првите концерти ги имав во задниот двор. Ова е местото каде што започна мојата кариера. Ова е местото каде што започна мојот сон. Ова е мојот мост меѓу два огна. Мост на моето детство. Игравме таму.
Се шетавме. Над нас, преку овој мост, навивачите на Ѕвезда и Партизан секоја недела ќе поминеа и гласно ќе навиваа. Трамваите бучеа, а за нас децата тоа беше како да ја слушаме најубава музика на светот. Го сакавме тој шум. И сега некој ми го валка овој мост. Го валка моето детство. Погана устата го извалка чистото детско срце. Ги извалка детските соништа. Да, бев сиромашна девојка. Со големи соништа. Сиромашна девојка со голема фантазија“ – рече Весна на почетокот, по тешките зборови на Анабела што се однесуваа на неа.
„Може ли некој да ве осуди само затоа што сте живееле под мост. Имав парче леб и парче небо. Тажна сум заради тоа. И затоа дојдов овде. Не заради мене, туку да го поддржувам девојчето во мене што плаче. Да му се извинам на мојот мост затоа што знам дека тоа го боли. Затоа што само тој знае која сум. Кои се моите соништа. И тоа дека никој не ме собрал, туку тој ми го покажа патот по кој да одам. И да бидам тоа што сум денес.
Успешна, мирна жена. Со многу љубов околу мене. Со публика што навива со мене, а понекогаш и плаче. И мојот глас ги смирува. И тие не го ставаат на тест мојот мост. Тие не даваат да ми течат солзи. Ви благодарам многу предобри луѓе … Сега сум смирена затоа што ги добив сите одговори. Мојот мост. Mојата љубов. Моето детство “, додаде таа.