Реклама
Вести

Девојка (24) паднала од мост висок 30 метри во Швајцарија – уапсени двајца Македонци

Реклама

Во четвртокот вечерта на мост во Швајцарија се случи сообраќајна несреќа која ја шокираше јавноста.

Во несреќата учествувало сино БМВ во кое имало три лица од Балканот, од кои Србинката успеала да преживее откако паднала од височина од 30 метри.

Девојка(24) успеала да преживее пад од височина од 30 метри откако под неразјаснети околности паднала од мост по сообраќајна несреќа во Швајцарија.

Маркетинг

Уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија, кои биле во сино „БМВ“ со девојката од Србија.

Србинката се здобила со тешки повреди и се наоѓа во болница. Несреќата се случила во четвртокот вечерта, кога „БМВ“ во кое имало три лица од Балканот удрило во заштитната ограда на мост.

Маркетинг

Очевидец за швајцарските медиуми изјавил дека по несреќата ја видел Србинка како стои на мостот.

“Ја видов како стои, се чинеше дека не е повредена. Не видов крв, немаше ништо”, рекол тој.

Очевидецот потоа додал дека кога поминал покрај автомобилот не видел дека во него има двајца државјани на Македонија.

„Мислев дека е млада жена која го уништи автомобилот на нејзиниот татко. Таа ги имаше рацете зад главата, беше шокирана, не видов дека е повредена“, рече тој.

После тоа полицијата соопшти дека Србинката паднала од мостот од висина од 30 метри.

Она што останува мистерија во целата приказна е каква е врската меѓу двајцата уапсени државјани на Македонија и падот на младата Србинка.

Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе заврши истрагата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button