LIFESTYLE

ГО СЛАВИМЕ ГОЛЕМИОТ СВЕТЕЦ: Ова никако не го правете денеска за да не ви се разнесе к’сметот од дома

Advertisement

Македонската православна црква и верниците го слават Свети Симеон Столпник, со кого се поврзани бројни народни верувања.

Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија имаат и многу заеднички елементи.

Advertisement

Народното верување уште вели дека на овој ден започнува црковната година и дека по календарот што започнува со овој ден се раководеле светците како Божји луѓе. Се верувало и тоа дека на тој ден Господ на некои умрени што доволно се покајале им ги простувал гревовите.

Се носело семе во црквата да се „очати и благослови“, а потоа дома се мешало со другото жито подготвено за сеење. Исто така се верувало дека на овој ден не се давало заем и не се изнесувало ништо од дома за да не се разнесе касметот, а ако некој барал нешто заем за да не се налути му се велело „семе изнасамо“.

Advertisement

Сите црни предмети од куќата се криеле од пред очи (тава, грне и др.) за да нема гламна житото. Орачот на нива носел дисаѓи со жито, а во житото имало прстен (златен или сребрен), потоа китка босилек, китка од разни други цвеќиња, две гросчиња бело и црно грозје, неварено јајце, чешел за коноп и мало лепче (кравајче).

Во семето се измешувале и зрна од „брадата“ од минатата година што дотогаш се чувала во амбарот. На воловите им врзувале бела крпа за да е бело житото. По пристигнувањето на нивата орачот најпрвин изорувал една бразда, потоа низ прстенот пропуштал еден грст семе и го фрлал во нивата.

Чешелот го ставал во нивата за да е густ бериќетот како чешелот, белото грозје го фрлал во нивата за е бело (чисто) житото, а црното го фрлал надвор од нивата за да нема какол и гламна. Босилекот, китката со разни цвеќиња ги ставал во браздата како дар за нивата, а потоа со втората бразда сето тоа го покривал со земја.

И во Радовиш каде што со овој празник започнувала земјоделската нова година, исто така започнувала есенската сеидба. Притоа на воловите и на ралото врзувале црвен конец со монистра „за лоши очи“, односно за од уроци. Во секоја куќа меселе зелник кој заедно со тепсијата го носеле на нивата на орачите. Овие откако благословувале, го изедувале зелникот, засевале колку за адет и се враќале при што трошките од зелникот ги закопувале во нивата за и касметот да остане на нивата и да не се разнесува.

Со богати обичаи и верувања овој празник бил проследен и во Кумановско. И овде се носело семе во црквата да се „очати и благослови“, а потоа дома се мешало со другото жито подготвено за сеење. И во овој крај не се давало заем и не се изнесувало ништо од дома за да не се разнесе касметот, а ако некој барал нешто заем за да не се налути му се велело „семе изнасамо“. Сите црни предмети од куќата се криеле од пред очи (тава, грне и др.) за да нема гламна житото.

Во Гевгелиско на овој ден береле црни метли и памук и го сметале за лесен празник. Интересни обичаи и верувања се забележани и во Разлошко. Во селото Драглиште уште при вршењето на житото се водело сметка за засевање да се одбере наједрото жито. Тоа го закитувале со црвени зрна од калинка, со растение смичец кое во ова село го викале староцвет и со други зелени цвеќиња. Од новото жито меселе една тркалезна пита со дијаметар околу една педа и со дупка во средината од околу една дланка. Таа се викала Богача што значело Богова пита, или Боговица.

На нивата орачот ја држел погачата над една вреќа, а друг го истурал семето низ отворот на погачата во вреќата се додека таа не се наполнела. За тоа време додека се претурало семето низ питата сите домашни биле накитени на главите со калинки и други цвеќиња. И заврзаната вреќа ја накитувале со разни цвеќиња. Потоа погачата ја држела домаќинката, а сите вртеле во круг и откинувале по еден касај. Калинките се ставале за да е едро житото, а погачата се кревала високо за да порасне високо житото и да е чисто како што е чиста питата.

Очигледно е дека празникот Свети Симеон и Црковната Нова Година имаат значајно место во нашиот народ. Започнувањето на есенските земјоделски работи коишто за нашиот човек значеле и егзистенција, секогаш биле проследени со многу обичаи, верувања и магиски заштити што имале цел да обезбедат богат род на земјоделските култури.

Свети Симеон се смета за првиот столб во христијанството и голем чудотворец. Живеел 103 години, а починал во септември 459 година. Неговите мошти се наоѓаат во црква во Антиохија (Антакија, Турција).

Животот на овој чудотворец беше невообичаен, а луѓето сѐ уште веруваат дека есенската сеидба, на која овој светител е заштитник, ќе започне денес. Затоа на многу места остана обичајот да се носи семе од куќата во црквата за осветување, така што годината ќе биде добра и плодна.

На овој ден, исто така, можете да видите каква е Месечината, ако е млада-житото ќе даде добри плодови, но исто така ќе биде плодно преку целата година. Свети Симеон Столпник е многу почитуван кај земјоделците и селаните.

Нашите предци веруваат дека Свети Симеон денес ги штити посевите од секакво зло и затоа треба да фрлиме семе во полето, барем „два прста“, за годината да ни биде плодна и дарлива за секого.

Црквата, како и некои други православни заедници ширум светот кои го почитуваат Јулијанскиот календар, денеска ја слават црковната Нова година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button