Германците збунети – Балканци во парк во Берлин печела јагниња па морала да интервенира полицијата и пожарникарите
Германските медиуми јавуваат дека берлинската полиција во недела морала да интервенира бидејќи група луѓе печеле јагниња во еден парк. Како што објави полицијата јагнињата биле вртени на скара поврзана со автомобилски акумулатори и истите биле печени од страна на луѓе од Босна.
„Никој не сакаше да ја преземе одговорноста“, истакнаа од полицијата која морала да ги повика и пожарникарите да интервенираат поради жарот.
„Речиси 150 луѓе лежеле на ливадата, а децата за целото време трчале насекаде околу жарот на тревата и над него – јагниња. И тоа не едно туку дванаесет. Се вртеа на скарата приклучена на акумулатори од автомобил“, објави полицијата на официјалната страница на Фејсбук.
Од полицијата потврдија дека во тој парк е дозволено да се прави скара, но не на начин со кој се доведаат во опасност другите како што тоа го правеле овие луѓе.