Реклама
LIFESTYLEВирално

Поплавата во Словенија уништи куќа пред очите на сите – целосно се урна како да е од хартија (видео)

Големо невреме го зафати регионот

Реклама

Најновото невреме што ја зафати Словенија, почна од Горњо Посочје и стигна до Пољанска долина, Жир и Полхограј. Невреме со пообилни врнежи при кои се можни посилни налети на ветер и град се движи кон југоисток, пишува АРСО.

По Словенија, водениот бран од реките Сава и Мура стаса и во Хрватска. Цивилната заштита на Хрватска почна да испраќа упатства до населението како да постапуваат.

Маркетинг

Во текот на вчерашниот ден беше воведена вонредна состојба против поплави поради покачување на нивото на водата до 923 сантиметри кај место во близина на Ругвица со тенденција на дополнително зголемување, извести Управата за цивилна заштита.

Маркетинг

Вонредна состојба е на сила и за подрачјето поврзано со Мура и Мурско Средишче, каде е забележан рекорден водостој, а вонредни мерки важат за областите: Драва – Ботово; ОК Лоња-Струг – Устав на Превлака; Сава – Ругвица, Устава Превлака и Дубровчак.

Според хидролошкиот извештај на Државниот хидрометеоролошки завод, во текот на денот останува нестабилно време над басенот Драва, Мура и Сава во Хрватска и соседните возводно земји и може да резултира со нови, пообилни врнежи кои можат да влијаат на зголемување на протокот и нивото на водата.

Фотограф на 24ur.com вчера фотографирал куќа во Преваље, Словенија. Но за жал, тоа беше последната фотографија од куќа.

Фото: фејсбук

Водената стихија целосно ја однесе куќата, а на нејзино место остави само куп урнатини, пишува „24ur.com“.

Фото: фејсбук

Вчера жителите беа евакуирани од оваа куќа со хеликоптер од страна на словенечката армија.

Фото: фејсбук

Како што напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Преваље, Матиќ Тасиќ, успеале да ја спасат бензинската пумпа, но не успеале да ја спасат куќата:

„Многу сме тажни… и длабоко сочувствуваме со сите жртви …”

Фото: Принтскрин/ Индекс.хр

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button