Реклама
Новости

БЕЗ НЕА НЕМА ДА БИДЕ ИСТО: Еве зошто Ана Бекута ги напушти „Звездите на Гранд“, јавноста е загрижена

Реклама

Ана Бекута ги напушти Звездите на Гранд

Една од најгледаните емисии на Балканот, Ѕвездите на Гранд повеќе нема да изгледа исто.

Гласините за промените започнаа веднаш штом стигна веста дека водителката Сања Кужет е трудна. Саша Поповиќ стави крај на шпекулациите за тоа кој би можел да ја замени додека е на породилно, потврдувајќи дека изборот паднал на Ана Севиќ.

Маркетинг
Youtube printscreen/Zvezde Granda

После тоа дознавме дека Цеца Ражнатовиќ на одредено време се повлекува од жирито на музичкото натпреварување.

Додека фолк ѕвездата не се опорави од настинка, Ивана Питерс ќе седи на своето столче.

Маркетинг

Најголемата мистерија засега е отсуството на Ана Бекута.

Бидејќи немаше подетално објаснување, на гледачите им преостануваше да погодат дали се работи за подолго патување, семејна ситуација или можеби одење на естетска интервенција.

Извори блиски до фолк ѕвездата не сакаат да откријат за што се работи, само наведуваат дека причините за отсуството на Ана се од крајно приватен карактер и не се за јавноста.

Youtube printscreen/Zvezde Granda

Како и да е, најдена е замена. Наместо Ана Бекута, натпреварувачите во наредните недели ќе ги суди Драган Којиќ Кеба.

-Мојата драга колешка и пријателка Ана Бекута нема да биде тука некое време. Ние двајца сме компатибилни во многу музички работи, па стигна предлог да ја заменам. Ќе бидам таму некое време и толку – изјави Кеба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button