![](/wp-content/uploads/2023/09/Pari-1-1-1-780x470.jpg)
Со приближувањето на затемнувањето на Сонцето и младата месечина во Овен (8 април), играме уште ѕвезден рулет, па одредени хороскопски знаци ќе имаат подобра среќа кога се парите во прашање.
Ретроградниот Меркур силно удира и со тоа темпо ќе продолжи до 25-ти април, па затоа е важно да не позајмувате пари, како и да внимавате при потпишувањето на важни договори.
Доколку се прашувате кој ќе има пари до 13 април, меѓу нив се и знаците како: Овен, Риби, Девица и Јарец.
![](/wp-content/uploads/2023/10/pari111.jpg)
ОВЕН
Венера во вашиот знак ви носи вредни подароци и недела во која не можете да останете без пари. Сепак, затемнувањето на Сонцето во вашиот знак на 8 април може да ве натера да направите непромислени инвестиции.
РИБИ
Сонцето и Венера во Овен ви носат помала парична добивка од два извора. Значи, можете да очекувате прилив на пари.
ДЕВИЦА
Можно е да слушнете за наследство. Сепак, може да има доцнење во имплементацијата, но сигурно ќе се постави прашањето за некои вредности.
![](/wp-content/uploads/2023/10/pari1112.jpg)
ЈАРЕЦ
Плутон во Водолија ви носи големи профити, односно вашите планови сигурно ќе бидат корисни во иднина. Уран во Бик укажува на тоа дека можете да ризикувате и да профитирате.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри и да има среќа е Шкорпија.