(ФОТО) Пораснаа близначките на Миле Кузмановски

Осум години по смртта на сопругата Вера, Миле Кузмановски повторно е среќен семеен човек и татко. Фолк-пејачот сега е во хармоничен брак со Јасмина, вработена во Црвен крст, а плод на нивната љубов е ќерката Ева.

Првата гордост на Кузмановски се близначките Ана и Јана кои сега се средношколки, учат медицина и се вистински убавици.

ADVERTISEMENT


Миле за естрадниот магазин „Бекстејџ“ се присети на агонијата која морл да ја помине по загубата на неговата прва сопруга. Се чувствувал емотивен и празен, но собрал храброст и сили да продолжи понатаму најмногу поради ќерките.
Кузмановски неодамна во едно интервју раскажа дека Ана и Јана одлично се согласуваат со неговата нова избраничка.

– Тие три се како другарки. Ана и Јана одлично ја прифатија Јасмина затоа што сфатија дека е личност која ќе се грижи за нив како да им е биолошка мајка. Одат заедно на кафе, одат на шопинг, шетаат со Ева кога јас не сум дома. Додека беа помали, таа им помагаше многу околу учењето, сега веќе во средно училиште е друго, затоа што ние не знаеме многу од материјалот од стручните предмети. Но, ете, притискаме и јас и таа да учат, да станат свои луѓе, кога ќе пораснат да не зависат од никого – изјави Миле за својата сопруга и за ќерките неодамна за „Женски магазин“.

Facebook Comments
(Visited 728 times, 1 visits today)
Loading...