(ФОТО) Познати Македонци со коса: Нов предизвик во карантин

 

Едно истражување на Универзитетот во Пенсилванија покажа дека ќелавите мажи најчесто се доживуваат како подоминантни и поуспешни. Губењето коса за многу припадници на посилниот пол е трауматично искуство, но се чини дека сепак и не е сѐ така црно.

Во светски рамки прво ни текнува на Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот. Многу жени не можат да им одолеат ниту на актерите Вин Дизел, Брус Вилис и Џејсон Статам.

Атрактивни мажи без коса има и меѓу славните Македонци. Некаде во првите години на новиот милениум на иста бранова должина се најдоа Панчо и Андреј кога го формираа дуото „ДНК“. Во тој период, пред речиси две децении и двајцата имаа коса.

Малкумина со коса би го препознале нашиот кошаркарски ас Перо Антиќ. На овие фотографии е во друштво на сега веќе неговата поранешна сопруга Ружица, на почетокот на нивната врска.

Можеби најсмешнот со коса изгледа поранешниот телохранител на Никола Груевски, набилданиот Дејан Митревски-Урко.

Тони Михајловски со коса? Да, ископавме и таква фотографија на неговиот профил. Го паметиме и од времето кога со колешката Магдалена Ризова водеа детски квиз на националниот сервис. Тогаш косата му беше и шатирана.

Во овој предизвик уште едно големо изненадување за нас беше актерот Гораст Цветковски. За жал, фотографијата е со лош квалитет, но разликата е и повеќе од очигледна.

Facebook Comments
(Visited 265 times, 1 visits today)