(ФОТО) Никој не е совршен: Елена Ристеска објави селфи без шминка

Можеби е храбро да се постираат такви слики, но секој треба да си ги сака своите несовршености. Јас моите си ги сакам! Оваа инспиративна порака денеска на „Инстаграм“ ја сподели Елена Ристеска со фотографија на која позира без шминка.
Поп-ѕвездата неодамна се врати од Мајами, а патувањето го искористи и за снимање на рекламната кампања за козметичката линија со нејзин потпис која наскоро ќе се појави на пазарот.
Ристеска во една прилика раскажа дена нејзината тајна за убаво негувано лице е чистење со ракија.
– Моите ритуали кога се во прашање лицето и телото секогаш ги правам навечер пред да си легнам. Откако ќе ја извадам шминката со специјални марамици со пилинг, обавезно ставам крема “Ботокс“ , кремата од Бигорски манастир. Понекогаш по снимања и по концерти, кога мојот шминкер и фризер Даниел Николовски ми става потешка пудра,ставам маска за лице и темелно го чистам со тоник, а некогаш и со домашна ракија.
Пудра подолго време не ставам за дневните излегувања, единствено користам крема со пигмент и заштитен фактор на „Хелиокеар“, која ја нарачувам од Германија бидејќи ја нема кај нас.
Сосема малку се шминкам, ставам само маскара и руменило, но затоа секогаш имам кармин во интензивна боја. За разлика од порано кога се шминкав понападно – откри Ристеска пред неколку години за „Женски магазин“.