(ФОТО) Има иста фризура како ќерка ѝ: Мајката на Татјана Лазаревска е модерна баба

Откако пред пет години познатата музичка двојка Таткана Лазаревска и Новица Василевски одлучија да ја напуштат Македонија и да се преселат во далечната Австралија, очигледно не погрешија во изборот. Неодамна се вселија во нов дом во Мелбурн каде живеат со синовите Стефан и Петар.

Се пофалија дека најблиската плажа им е на половина час возење од нивната куќа и дека се пресреќни што таму конечно имаат малку подобри можности и услови за живот.

Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична. Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ фалат нејзините најблиски.

ADVERTISEMENT

Во Скопје остана да живее и нејзината мајка која неодамна ги посети за да помине малку повеќе време со внуците. Татјана наликува на мајка си Снежана Лазаревска која има иста фризура како славната ќерка, кратка коса со впечтлива црвена боја и навистина изгледа одлично за годините.

Татјана Лазаревка во февруари годинава во едно интервју откри дека и двајцата синови се занимаваат со спорт. Петар се занимаваа со кошарка, игра за репрезентација на „Викторија“, а на Стефан кошарката сѐ уште му е како хоби, заедно со австралискиот фудбал.

Татјана и Новица важат за една од најкомпактните двојки на естрадата, вистински доказ дека партнер од иста професија и тоа како може да биде предност, а не мана. Музиката ги спои и сѐ уште изгледаат вљубено како на почетокот на нивната врска.

– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети Лазаревска во една прилика.

Facebook Comments
(Visited 1.877 times, 1 visits today)
Loading...