Реклама
Вести

Уште една земја членка на ЕУ ги отвара вратите за Македонците со пасоши со старото име

Реклама

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина со несмален интензитет.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше изразена благодарност за досегашната соработка и уште еднаш беше потенцирана заложбата за спроведување на слободни, фер и демократски избори.

Маркетинг

Амбасадорката Тигањ ја потенцираше долгогодишната соработка и ја претстави Република Хрватска како наш најголем поддржувач во евроинтегративните процеси.

Маркетинг

Во однос на проблемот со патните исправи, амбасадорката Тигањ изјави дека Република Хрватска има разбирање за проблемот и дека македонските државјани имаат непречено движење на хрватската територија и со старите обрасци на патни исправи доколку истите имаат рок на важност, за што министерот Тошковски изрази огромна благодарност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button