Реклама
Вести

Утре е голем празник, и ако се воздржите од ова – ќе ви се исполни секоја желба

Реклама

Црквата и вернициите утре го слават сеќавањето на преподобниот Аксентиј, христијанскиот светител кој живеел во 5.век право во Цариград, а потоа и во гора во близина на Халкидон.

Преданието вели дека преподобен Аксентиј бил многу богат властелин во Цариград во времето на цар Теодосил Помладиот. Сепак, во еден момент решил сето тоа да го отфрли, се замонашил и целосно се повлекол од јавниот живот.

Сепак, кога луѓето почнале за него да говорат како за голем чудотворец и голем мудрец, тој од човечките пофалби побегнал од Цариград и почнал да живее во една гора близу Халкидон, која по него се нарекува Аксентиева гора.

Маркетинг

Според приказната, Аксентиј ниту тука долго не останал скриен од луѓето…Го пронашле некои овчари, а бидејќи во тој крај се расчуло дека е голем чудотворев, набрзо народот почнува да доаѓа и да носи болни на исцелување.

Маркетинг

И тој излекувал многумина – на слеп му вратил вид, ги истерал демоните од запоседнатите… Сето ова го правел во име на Христа и посебно внимавал чудата да е му се припишуваат нему туку на Господа.

Преданието вели дека многумина исцелил со тоа што во нив ја зацврстил христијанската љубов и тогаш им говорел дека Бог ќе има даде според верата и правдата со зборовите: „Ќе те исцели Господ Исус Христос!“

Преподобен Аксентиј учестувал во Четвртиот вселенски собор во Халкидон и таму силно го штител православието од еретиците.

После сето тоа, веќе во длабока старотс, Аксентиј починал во 470 година. Православните христијани го слават на 14 февруари по црковен, а на 27 февруари според грегоријанскиот календар.

Затоа што овој светец целиот живот го поминал во молитва, опкружен со луѓе кои ја барале неговата помош, а чезнеел за осаменост, на овој ден секој треба да се воздржи од скитање и денот да го помине дома и со семејството.

Единствено место кое треба да го помине е црквата каде во знак на сеќавање треба да запали свеќа и да се помоли.

Се верува дека тогаш секоја желба што ќе ја помисли ќе му биде исполнета.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button