Реклама
Вести

УЖАСНА ТРАГЕДИЈА: Поранешен кошаркар и неговиот син пронајдени мртви!

Реклама

Полицијата во последните неколку дена трагаше по нивните тела

Шпанската полиција во понеделникот потврди дека на брегот на Мајорка ги пронашла телата на поранешниот германски кошаркар Јан Бокмајер (53) и неговиот син (19), кои исчезнаа за време на невремето.

Локалните медиуми јавуваат дека Бокемаер и неговиот син испловиле рано утрото на 27 август од Менорка до Мајорка, но за време на патувањето областа ја погодило силно невреме.

Маркетинг

Полицијата соопшти дека нивните тела биле пронајдени една недела подоцна на различни локации во близина на брегот на Мајорка и дека соработуваат со германските власти за да ги идентификуваат телата и да направат ДНК тест.

Тоа требаше да биде последното патување на Бокемаер на неговиот брод бидејќи после тоа, според локалните медиуми, тој планирал да го продаде.

Маркетинг

Поранешниот кошаркар бил искусен морнар и наводно пловел повеќе од две децении.

Играше за јуниорските тимови на Германија и за многу германски клубови.

Крајот на август и почетокот на септември беа одбележани со силно невреме во Шпанија. Најмалку осум лица загинаа во поплавите, додека двајца Аргентинци се уште се водат како исчезнати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button