Пејачката Теа Таировиќ ја повреди раката пред големиот концерт.
Имено, Теа доживеала несреќа кога паднала на скалите во својата куќа, по што со итната помош била пренесена во болница, а поради природата на повредата лекарите ја ставиле пејачката во лонгета.
Како што дознава Телеграф.рс, покрај здравствениот проблем со кој се соочила, Таировиќ одлучила да не го откаже концертот кој веќе бил распродаден.
Да потсетиме, покрај бројните настапи, Теа неодамна откри дека работи и на нови песни.
– Работам на нови песни и многу сум возбудена, бидејќи сега тоа е најубавиот дел, креативниот дел каде што пеам, корегирам, пеам придружни вокали… Инаку, многу учествувам во работниот процес, неодамна моите колеги се пошегуваа и ми рекоа: „Уште треба да почнеш и да правиш аранжмани, и тоа е тоа“. Многу сакам да се вклучам и да земам учество, тоа до сега вродило со плод – рече таа и откри каков проблем има:
– Имам сериозен проблем, затоа што не можеш да ѝ пласираш премногу песни на публиката затоа што таа едноставно нема да има време да ги слушне сите, денес е такво време. Имам многу, многу песни, повеќе отколку што ми треба, па се плашам да не згрешам. Сакам да и се претставам на публиката дел од песните за кои имам дилема, за да може да одлучат која ќе им се допадне.