Во средното медицинско училиште во Бјелина (БиХ) во петокот дошло до инцидент кога татко на ученик влегол во школската училница и ѝ удрил две шлаканици на професорката Оливера Крсмановиќ, бидејќи таа наводно му дала лоша оценка на неговото дете.
Како што дознаваат тамошните медиуми, овој случај бил пријавен во Полициската управа во Бјелина, која земала изјави од професорката а и таткото на ученикот кој ја нападнал.
Advertisement
Професорката Крсмановиќ само кусо изјави дека се уште е во шок и дека во моментов не може да застане пред камера. Од средното медицинско училиште во Бјелина не соопштуваат ништо за овој случај.
Полицијата исто така се уште нема соопштение за овој случај.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .