СТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЕШТАЧЕЊЕТО НА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА Еве што направила на денот кога исчезнала нејзината ќерка
![](/wp-content/uploads/2024/03/roditelite-na-danka-e1711713759161-780x470.jpg)
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење откако девојчето исчезнало.
Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува Информер.
– На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ, многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци – рекол изворот.
Како што се дознава српски Ало, пред исчезнувањето на Данка Илиќ, мајката три пати го фотографирала детето од различни агли.
Во меѓувреме, две специјалистички тима од Белград и Нови Сад за спасување од урнатини, од Одделението за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнале во Бањско Поље кај Бор и рано утринава започнале детално пребарување на просторот околу куќата од пред која во вторникот исчезна двегодишната Данка.
Екипите ги сочинуваат 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче спасител, соопшти денеска српското МВР. „Новости“ пренесува и дека полицијата во моментов ги претресува околните куќи во непосредна близина на местото каде исчезна Данка.
Полицијата во текот на ноќта дежурала и во куќата каде исчезнала девојчето.