Реклама
Вести

СЕ ВРШИ ДЕТАЛНА ФОРЕНЗИЧКА АНАЛИЗА НА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ: Избришаните пораки ќе бидат вратени!

Реклама

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, повторно била сослушана во полициската станица во Бор за околностите на исчезнувањето на нејзината ќерка.

Според информациите кои протекоа од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, прегледот на мобилниот телефон на нејзината мајка Ивана открива нови индиции за овој случај. Иако непосредно пред нејзиното исчезнување биле избришани бројни повици и пораки, полицијата ангажирала експерти за темелно да ја истражат содржината на овој телефон.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, повторно била сослушана во полициската станица во Бор за околностите на исчезнувањето на нејзината ќерка. Таа е последната личност која имала контакт со Данка пред нејзиното исчезнување, а обвинителството наредило детален преглед на нејзиниот мобилен телефон.

Маркетинг

Полицијата во последните 4 дена добила голем број информации преку системот „Најди ме“, а секоја информација е внимателно проверена за да се најде Данка Илиќ. Овие податоци даваат нови индиции и потенцијално клучни информации кои би можеле да доведат до решение на овој случај.

Маркетинг

– Сите нејзини избришани пораки ќе бидат вратени – вели изворот.

Важно е да се напомене дека разговорите на мајката со полицијата и прегледот на нејзиниот телефон не значат дека таа е осомничена или обвинета за нешто. Ова е дел од стандардната процедура за истражување на сите можности и потенцијално елиминирање на мајката од понатамошна истрага. Полицијата внимателно пристапува до сите информации за да ја пронајде Данка Илиќ и да го доведе овој случај до разрешница.

Србија влегува во петтиот ден од потрагата по исчезнатата Данкa Илиќ. На двегодишното девојче му се изгубило секаква трага пред семејната викендичка во Бањско поле, кога како што наложила нејзината мајка, ги извела на прошетка синот Иван и ќерката Данка.

Мајката на исчезнатото дете се уште е во полициска станица. Бидејќи жената е трудна, не направила полиграфски тест. Како што е наведено, поради хормонална нерамнотежа, резултатите од полиграфскиот преглед нема да бидат точни.

Полицијата заедно со пожарникарите во текот на вчерашниот ден ги прочешлала тунелите под куќата и за жал не биле пронајдени траги од малото изгубено девојче.

mup

Според некои од последните информации, пожарникарите се подготвени да ги пребараат сите канали кои водат до езерото кај Бањско поле, а можеби ќе треба да се изврши увид на целото езеро во текот на истрагата.

На селаните им било наложено да не разговараат со новинари, за да не се мешаат во истрагата. Така повеќето од нив продолжија со рутинските животни обврски, не сакајќи да коментираат ништо што би било спротивно на волјата на полицијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button