Реклама
Вести

СДСМ предлага законски измени за продолжување на важноста на возачките

Реклама

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста.

Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата.

„Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму.

Маркетинг

За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание. Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог“, рече на прес конференција портпаролот Дарко Каевски.

„Спасовски ги смирува граѓаните – нема да има казни за оние кои нема навреме да си ги заменат личните исправи“ ова беше изјавата пред само 6 месеци со која СДС го лажеше народот. Денес тие го создадоа проблемот, а глумат невини жртви и криво им е ВМРО-ДПМНЕ, а тие имаа министер за внатрешни работи 9 години“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Маркетинг

„Ова е најголемото дно. Наместо политика и обвинување нека не ги кочат законите кои Панче Тошковски ги предлага.

Воедно Спасовски треба кривично да одговара што граѓаните ги изложува на екстра трошок, и иако знаеше дека треба промена на документите ништо не превзема за тоа“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button