Вести

ПРВА ИЗЈАВА НА ЃОРЃE ДАВИД ПО ВРАЌАЊЕТО ВО СРБИЈА По страшната несреќа во која загина жена, рокерот го кажа ова

Advertisement

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид официјално ја напушти Македонија, откако доби одобрение од судските институции. По напуштање на земјава, Давид закажа конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

„Ѓорѓе замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За се што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе“, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.

Advertisement

Ѓорѓе учествуваше во сообраќајна несреќа во која загина една жена. Тој мораше да остане во земјава додека не доби одобрение од судот да си оди во Србија.

Долго време се шпекулираше кога рокерот ќе се врати во Србија, имајќи ја предвид целокупната ситуација

Advertisement

Тој до денеска остана во Македонија и чекаше да заврши целата процедура, но сега доби дозвола да се врати во Србија.

Тој денеска беше виден во Белград, пред зградата во која живее, а потоа се огласи за тамошните медиуми.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

– Вистина е дека сум тука. Но, не би рекол ништо повеќе, утре е конференцијата – изјави тој за Телеграф.

Да потсетиме, Ѓорѓе се сретнал со својот адвокат, по што излегол од станот, го фрлил ѓубрето, а потоа со такси се упатил кон градот, од каде може да се заклучи дека рокерот повеќе не вози автомобил по сообраќајната несреќа пишува „Блиц“.

Популарниот рокер пред повеќе од една недела доживеа сообраќајна несреќа во Македонија кога со својот автомобил удри во жена која се движела по автопат, која потоа починала.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button