Реклама
Вести

Почнаа да се отвораат границите: Со мaкедонскиот пасош со старото име може да патувате во овие европски земји

Реклама

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис.

Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово.

Маркетинг

Очигледно е дека МВР превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, рече Тошковски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Маркетинг

Тој ги повика пратениците во Собранието да постапат по оној предлог закон кој, како што рече, го доставив истиот ден заедно со Законот со возачките.

-Како што го поминаа Законот за возачките, така и да си го поминат и Законот за пасошите. Само тоа е решение. А граѓаните нека судат. Јас мислам дека граѓаните се многу умни и гледаат дека во споредба со она неработење и непрофесионалност од претходно, сега ако ништо друго даваме максимум се од себе, рече Тошковски.

Повеќе европски држави, дел од нив членки на Шенген-зоната, дозволуваат влез и излез на нивните гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија, покажува праксата од изминатите неколку дена, вели доброупатен дипломатски извор за „360 степени“.

Од членките на ЕУ и на Шенген, станува збор за Германија, Швајцарија и Бугарија, а нивниот пример не е исклучено да го следат и други држави во Европа.

Во овие земји има бројна дијаспора од Македонија, која е со постојан работен ангажман, па државите не сакаат да ја стават во ризик домашната економија, со оглед на проблемите со замената на патните исправи на македонските државјани согласно роковите во Преспанскиот договор.

Од земјите во регионот, со стар пасош може да се патува и во Албанија и во Косово.

Официјално известување или потврда за ваквите одлуки не треба да се очекува од овие држави или барем од повеќето од нив зашто не би сакале да се доведат во непријатна позиција пред Грција, вели изворот на „360 степени“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button