Реклама
Вести

ПОЧИНА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ КЕЧЕР – луѓето го паметат по крвавата тепачка во кафеана кога му одгриза прст на ривал

Реклама

Македонскиот борач Крис Марков почина на 85-годишна возраст по мозочен удар.

Марков по потекло е од Македонија и беше познат по својата личност и успешните настапи во тимски борби. Роден под името Ристо Желеваров на 1 март 1938 година, се борел од почетокот на шеесеттите до почетокот на осумдесеттите години на минатиот век.

Маркетинг

Во текот на својата кариера користел различни псевдоними како што се Хари Медисон, Франц фон Енрих, Крис Желеваров и неколку различни варијации на неговото вистинско име.

Неговата кариера беше обележана со ривалство со Апачи Бул Рамос. Во 1972 година Марков беше на турнеја низ Јапонија, кога имаше серија натпревари со него, но сето тоа кулминираше со пресметка во ресторан. Тогаш Рамос му откина дел од увото на Марков, а Марков му го одгриза врвот на прстот на Рамос.

Маркетинг

Марков ја започна својата кариера во Мелбурн, под името Крис Желеварoв и брзо од аматерски премина во професионален, а често ги менуваше земјите што ги претставуваше, па во еден момент тоа беше Македонија, но и Русија, Југославија, Словенија и Грција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button