Огласи
Огласи 2
CelebrityНовости

ПОЗНАТИOT АКТЕР ИТНO ХОСПИТАЛИЗИРАН: Падна по скали, и се здоби со тешки повреди – сите го знаеме од ХИТ СЕРИЈАТА!

Огласи 3

Стивен Фрај, познатиот британски комичар и водител, од минатиот четврток е во болница

Актерот Стивен Фрај, кој глумеше со познатиот Мистер Бин Роуан Аткинсон во серијата „Black Adder“, бил хоспитализиран откако паднал од височина од 2 метри.

Фото Принтскрин

Инцидентот се случил во О2 арената во Велика Британија, каде Фрај говорел на конференција за вештачка интелигенција, а кога почнал да ја напушта бината паднал по скалите.

„Изгледаше како да да се лизна и немаше за што да се задржи во тој момент. Падна од два метри на подот. Беше повреден и мораа да го стават во инвалидска количка“, изјави еден од посетителите на конференцијата. .

Фото Принтскрин

Британските медиуми откриваат дека водителот и актерот се здобил со повреди на ногата, реброто и рамото, но дека не се познати информации за неговата моментална состојба. Не се знае дали е уште во болница или се лекува дома.

„Бевме длабоко загрижени кога слушнавме за несреќата што се случи откако Стивен одржа инспиративен говор за влијанието на вештачката интелигенција.

Мислиме на него и му посакуваме брзо закрепнување. Покренавме истрага и не можеме да објавиме дополнителни детали засега“, рече портпаролот на настанот.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button