Реклама
Вести

Парите се исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Реклама

Денеска започна исплатата на првите рати од стипендиите за новите корисници кои потпишаа договори со Министерството за образование и наука (МОН) во јануари.

Средношколците кои имаат комплетна документација имаат добиено финансиска поддршка за два месеци, а останати се околу 20.000 ученици кои треба да се исплатат, вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири за „Слободен печат“.

Министерот изјави дека во моментот работат на решавање на проблемите со несоодветните апликации.

Маркетинг

Во текот на декември имаше доставено несоодветни трансакциски сметки. Кога ќе го решиме тоа, нема да има проблем и ќе се исплаќаат средствата, додава тој.

Маркетинг

Во однос на исплатата на новите корисници на студентски стипендии, Шаќири вели дека парите се веќе пуштени на сметките на студентите.

На своите сметки студентите добиваат средства за пет месеци, информираа повеќе студенти за Мета.мк.

Студентите чии стипендии изнесуваат 6.050 денари, денес на сметка ќе добијат 30.250 денари, додека оние со месечни стипендии од 18.000 денари, треба да добијат 90.000 денари.

Стипендиите за новите корисници доцнат и го пробија рокот што МОН го даде минатата недела. Во соопштение, но и во изјава за Мета.мк, од ова министерство рекоа дека оваа категорија студенти првите рати од стипендиите ќе ги добијат минатата седмица, што не се случи.

Инаку, денеска се исплаќа и петтата рата од стипендиите за оваа учебна година за студентите кои го продолжија ова право.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button